Ѕвездена патека во Холандија- да ти е мерак да возиш велосипед

Одамна е позната љубовта на Холанѓаните кон велосипедите, но оваа уникатна патека вчера (13 ноември) успеа да му даде поинаков сјај на Ајндховен каков што не може да се пронајде на ниту едно место во светот. Всушност, оваа патека е прва од ваков тип во светски рамки, а заслугата за нејзината реализација ја има креативниот тим на „Roosegaarde Studio“.

141114175921-van-gogh-bike-path-4-horizontal-gallery

Инспириран од легендарниот холандски уметник Винсент ван Гог, и неговото познато дело „Ѕвездена ноќ“, Дан Розихарде креираше еден километар долга соларна патека за велосипеди.

141114175623-van-gogh-bike-path-01-horizontal-gallery

Патеката беше пуштена во употреба по повод 125-годишнината од смртта на легендарниот сликар.

141114184520-van-gogh-starry-night-at-moma-horizontal-gallery

„Ѕвездите“ на патеката се всушност соларни камења кои се полнат во текот на денот а во текот на ноќта креираат неверојатна глетка и осветлување за велосипедистите.

141114183032-van-gogh-bike-path-2-horizontal-gallery

Дизајнерот вели дека ова дело е вистинска технолошка поезија: „Сакав да создадам место што ќе им понуди на луѓето уникатно искуство и да се поврзе модерната технологија и познатото уметничко дело“.

141114182538-van-gogh-bike-path-5-horizontal-gallery

- Реклама -