Загрижувачка скриена камера: Како би реагирале кога би виделе како момче малтретира девојка?

Социјалниот експеримент спроведен во Шведска откри шокантен податок. Само 2% од луѓето изреагирале додека биле сведоци на насилство меѓу љубовна двојка. Зад експериментот стои организацијата „STHML Panda“ која користи скриени камери со цел да ја истражи човековата природа.

Последното видео кое тие го снимија, вклучуваше момче и девојка кои се расправаат во лифт, при што по кратко време момчето започнува да станува насилно, и да ја удира и турка девојката во ѕидот.

Од 53 случајни сведоци, само една девојка се обиде да помогне. Имено, таа го предупреди момчето дека доколку уште еднаш ја допре неговата партнерка ќе повика полиција.

Инаку, Шведска и понатаму се бори со проблемот со решавање на семејното насилство. Извештајот објавен за оваа година открива дека 81 процент од жените изјавиле дека биле малтретирани во некој момент после нивната 15 година. Просекот во ЕУ изнесува 55%.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

- Реклама -