4 најзастрашувачки инсекти на планетава (видеа)

Џиновски стршлен Во секој момент, на Земјава постојат околу 10 000 000 000 000 000 000 инсекти. Ова е вистински број, што во превод значи дека за секој еден од нас има по отприлика милијарда и пол бубачки. Понекогаш и една може да е премногу, особено ако припаѓа на некој од овие 4 најзастрашувачки видови…


Во секој момент, на Земјава постојат околу 10 000 000 000 000 000 000
инсекти. Ова е вистински број, што во превод значи дека за секој еден
од нас има по отприлика милијарда и пол бубачки. Понекогаш и една може
да е премногу, особено ако припаѓа на некој од овие 4 најзастрашувачки
видови…

Јапонски џиновски стршленЈапонски џиновски стршлен

Потекнува од: Очигледно, од Јапонија.

Зошто да се плашите од нив: Ова е инсект со големина на палец од просечен човек кој има способност да прска со отров кој ја топи човечката кожа. Она што е уште полошо е што овие стршлени кога напаѓаат поголемо суштество од себе, прскаат во очите. Отровот содржи и феромони кој ги привлекува сите стршлени во околината (на неколку километри) кои доаѓаат и го касаат непријателот сè додека тој не престане да е жив.

Би било убаво да можеме да ви кажеме дека не треба да се грижите зашто живеат само на екстремните врвови на одредени планини, меѓутоа, тоа не е така. Живеат низ речиси целата територија на Јапонија, вклучително и Токио. Приближно 40 луѓе годишно го губат животот како последица на ужасните убоди.

Уште пострашно: Јапонските стршлени се хранат со помали инсекти од себе. Кога ќе треба да се нахранат себеси и своите мали, тогаш напаѓаат. Кога ќе решат, на пример, да нападнат колонија пчели, испраќаат еден извидник кој треба да ги пронајде. Откако ќе го стори тоа, истиот прска од веќе споменатиот отров со феромони кој повикува засилувања. Се собира ударниот одред (најчесто составен од 30 војници) и ја напаѓа колонијата од 30 илјади пчели. И тие немаат никаква шанса. Сите до една умираат во обид да се одбранат, а на крајот, откако масакарот ќе заврши, стршлените заминуваат со младите пчели.

{youtube}6fTrSOFyfxs{/youtube}

Мравка куршумМравка куршум

Потекнува од: Дождовните шуми од Парагвај до Никарагва.

Зошто да се плашите од нив: Овие мравки живеат на дрва и се незабележливи сè до моментот додека не ве нападнат. А, ќе ве нападнат за да си ја одбранат територијата. Ќе паднат врз вас и ќе започнат да пиштат. Да, овие мравки имаат вокални способности. Пискаат пред да каснат. А, кога ќе ве каснат, ќе дознаете зошто ги нарекуваат мравки куршум, особено ако некогаш сте биле погодени од огнено оружје. Нема да можете да почувствувате разлика.

Уште пострашно: Некои племенски заединци во Јужна Америка ја користат оваа мравка со просечен раст од 2 и пол сантиметри како метод за иницијација. Оној што претендира да стане маж треба да добие ракави од мравки кои на него мора да стојат најмалку 10 минути. Во тоа време, кандидатот се соочува со илјадници убоди кои му предизвикуваат парализа во екстремитетите, а подоцна и неколкуденвни последователни грчеви. Но, ритуалот не завршува тука. За да го мине тестот, постапката се повторува точно 20 пати.

{youtube}9WQ6rFKhyn0{/youtube}

Африканизирана пчелаАфриканизирана пчела

Потекнува од: Јужна и Централна Америка и северно американскиот југозапад.

Зошто да се плашите од нив: Знаете како можете да забележите вакви пчели? Никако! До сега никој не открил начин да направи разлика помеѓу африканизираните и европските пчели. Разликата ќе ја видите единствено во нивното однесување.

Европските пчели ќе ви дадат десетина секунди стоење преблиску до нивното живеалиште пред да одлучат дека сте закана и да ве нападнат. Ќе ве бркаат триесетина метри и тогаш ќе одлучат дека сте избркан. Но не и африканизираните. Тие за помалку од половина секунда ве прогласуваат за опасност за колонијата и ве напаѓаат. И не само војниците задолжени за одбрана. Напаѓаат како цела група, секоја една пчела што е дел од заедницата. Доколку е потребно, ќе ве бркаат и цел километар, но најчесто не е, зашто се побрзи од вас. Кога ќе ве стигнат, касаат до моментот додека не престанете да живеете.

Уште пострашно: Овие пчели своето постоење ѝ го должат на науката. Ворвик Е. Кер ги создал во педесеттите вкрстувајќи европски и африкански пчели. Тоа го направил во Бразил, сакајќи да создаде продуктивна пчела која ќе може да опстане во џунгла. Резултатот е пчела која е ултратериторијална, хиперагресивна и надвор од секаква контрола. Откако избегале од контролираната колонија и се покажало дека живеат без проблем во џунглите, истите почнале да мигрираат на север. Тогаш се покажа дека немаат проблем да се адаптираат и на пустини. Ќе стигнат до Канада некаде во 2010.

Мравка војникМравка војник

Потекнува од: Амазонскиот басен. Некои подвидови живеат и во Африка и Азија, но овој вид е убедливо најстрашен.

Зошто да се плашите од нив: Веројатно во овој момент нема да се изненадите од фактот што овие мравки понекогаш достигнуваат и до 2 сантиметри, имаат заби остри како мачети со должина, понекогаш колку половина од свое тело. Познати се по тоа што имаат моќ да го распарчат секое живо суштество кое ќе го видат како непријател, без разлика на големината. Згора на тоа се потполно слепи, што на некој чуден начин ја влошува целата ситуација.

Се нарекуваат мравки војници затоа што се постојано подвижни, како еден голем баталјон. Не се стационираат трајно, туку само доволно долго за кралицата да снесе илјадници јајца, а војниците да најдат храна (под храна се подразбира сè што мрда). Потоа баталјонот повторно се придвижува во една голема колона, која најчесто се состои од преку милион мравки.

Најстрашното нешто е што овие мравки секое живо суштество го сметаат за непријател. Напаѓаат сè што ќе им застане на патот, сè што е заспано или премногу бавно за да им избега. И не станува збор за отров, прскање, ослепување или нешто сл. Не! Овие мравки имаат најпримитивна можна стратегија. Тие касаат и делкаат со забите. Постојат забележани случаи кога една ваква воена колонија изела коњ. Застанете до некој коњ и замислете што тоа значи за луѓето.

Уште пострашно: Овој вид инсекти е првиот кој конструира органски структури. Тие ги користат своите тела за да изградат градби. Се закачуваат една за друга со нозете за да обезбедат заштита за кралицата од временска непогода, за да направат мостови со кои минуваат невозможни места итн. Веројатно ќе дојде ден кога ќе успеат да конструираат и катапулт со кој ќе можат да се лансираат себеси на големи далечни.

- Реклама -