За малата женска чанта

Се поретко ја користиме дефиницијата „мала” за женската торба.

Не постои жена која не ги обожава големите чанти, во кои што може да смести се што е потребно. Тука е присутна уникатната способност на жените да се подготвени за секој случај и секоја ситуација. Затоа многу од нас ги преферираат големите чанти во кои собира буквално сè.

Овој додаток е меѓу омилените на многу жени. Нема дама која не сака да изгледа неверојатно во секое време од денот. Според нас една убава и стилска чантата може да го промени целокупното емитување и да го промени фустанот.

Големите чанти станаа особено модерни во последниве години не само поради својата практичност, туку и затоа што создаваат една доста современа визија, со големи димензии тие секогаш се забележуваат и создаваат акцент во облекувањето. Денес чантата живее самостоен живот и се истакнува на свој уникатен начин во женската мода. Овој прекрасен и забавен додаток им носи особена индивидуалност на жените, бидејќи се нудат во повеќе бои и импресионираат со разновидниот дизајн.

Решивме да обрнеме внимание на речиси заборавените мали чанти кои изгледа бавно ги најдоа шуплините во секој женски плакар. Според модните блогерки малите торби остануваат најстилски акцент за оваа есен, со тоа што моделите со долга рачка се значително практични и ќе ви биде многу полесно да ги носите секаде со вас.

Најдобри бои за овој додаток се темносината, беж, бела и црна, но за храбрите дами дизајнерите предвидеа и бои како жолта, розова и виолетова.

www_lovely-pepa_com tumblr_mbrmelQnOR1qmdwn9o1_1280 small-micro-bag-strend-street-style-blogger saint-laurent-mini-bag-blogger-outfit-street-style river-island-mini-bags fgg

 

- Реклама -