Поглед во 2050-та: Ќе имаме секс без контрацепција

Како што сме тргнале, многу веројатно е дека најдоцна до 2050-та година, анти-беби пилулата ќе стане излишна. Барем така смета професор Карл Џераси (91), човекот кој одигра клучна улога во развојот на оралната контрацепција во периодот околу 1951-та година.

Неговиот став го темели врз основа на статистиката која покажува дека се повеќе луѓе користат вонтелесно оплодување, наместо природно зачнување. Претпоставката е дека луѓето во иднина ќе ги замрзнуваат своите јајце-клетки и сперматозоиди, а стерилизацијата ќе стане честа пракса. Џераси смета дека третманите за плодност толку многу напредуваат што ќе создадат „генерација од иднината“, генерација која ќе знае да го планира времето за родителство, без последици.

Од друга страна, тоа значи дека сексот ќе стане залудна и непотребна вежба, барем во поглед на размножувањето. Единствено ќе му преостане улогата на рекреација и извор на задоволство.

Dropper and Test Tubes

Џераси, за Sunday Telegraph изјави: „Мнозинството од жените кои одбираат вонтелесно оплодување во иднината ќе бидат плодни жени кои ги замрзнале своите јајце-клетки и сакаат да ја одложат бременоста. Благодарение на генетскиот скрининг, предвидувам дека мнозинството од тие жени ќе бидат оплодени преку IVF методот. А кога тоа ќе се случи, вонтелесното оплодување ќе стане нормален несексуален начин на добивање деца. За нив, одвојувањето на сексот од репродукцијата ќе биде 100-процентно“.

Во однос на машката контрацепција, професорот е доста скептичен. Тој се сомнева дека воопшто ќе настане машка анти-беби пилула, бидејќи би било потребно долго време на тестирање пред да дојдеме до производ што би имал комплетен ефект врз сперматозоидите.

Се чини дека несексуалното оплодување ќе достигне широка употреба за многу пократко време отколку што би ни било потребно за да измислиме потполно функционална контрацепција за мажи. Статистиката го поткрепува ова тврдење – се проценува дека до овој момент, околу 5 милиони жени добиле деца со вештачко оплодување.

- Реклама -