Се враќа мажот дома, влегува во спалната и што да види, жена му со швалер во кревет. Швалерот одеднаш скокнал, набрзина си ги собрал алиштата и му ја дувнал низ врата. Изнервиран мажот и се свртел на жената и разочарано и рекол:
– Аман мори кај го најде овој некултурен, ни мене здраво ни тебе фала.