Речиси 20 милиони пати е прегледан овој навистина импресивен краток филм на YouTube, на Холанѓанецот Франс Хофмеестер. Видеото го покажува растењето на неговата ќерка Лоте од бебе до 14-годишно девојче.
Хофмеестер го создава со тоа што упорно ја фотографира секоја недела од моментот на нејзиното раѓање. Првиот запис е од есента 1999 година. Секој од записите е со траење од 15 секунди. Конечно, таткото го монтира и презентира на YouTube овој 4-минутен тајмлапс клип кој го резимира растењето на саканата ќерка.
„Тоа беше начинот на Франс да ги задржи спомените живи и искрено е едно од највозбудливите работи кои сме ги виделе “, наведува интернет изданието Just (creative) something.
Корисниците во мрежата коментираат дека филмот предизвикува насмевка, бидејќи ја покажува вистинската страна од животот.