Последното креативно дело на уметникот Брус Мунро е оптичко поле со светлечки цвеќиња. Инсталацијата е поставена во градината Longwood во Пенсилванија, а содржи илјадници ЛЕД-светла.
Мунро создал осум светлечки инсталации, кои се спојуваат со бујните растенија и цвекиња во градината Longwood. Ова не е прво експериментирање на уметникот со светлина, затоа што тој е познат по употребата на светлината во неговите уметнички креации.
Цветовите се работени од стаклени топки, во чија внатрешност се сместени ЛЕД-диоди. Инсталацијата најдобро се доживува навечер, кога светлечките цвекиња ја осветлуваат целата градина, создавајќи магична атмосфера.