Виц: Исповеди на смртна постела

Трпана лежи на смртна постела, а крај неа нејзиниот сопруг Трпе.
И ја држи студената рака и му течат безгласни солзи по лицето.

„Трпе…“, вели таа слабо и тивко.

„Шшшш, драга“, ја прекинува тој, „не зборувај, чувај ја силата.“

Но, Трпана инсистира: „Трпе, пред да умрам, морам нешто да ти признаам, да се исповедам“.

„Нема што да ми признаеш“, вели Трпе липајќи. „Во ред е. Се е во ред.“

„Не, не. Морам да умрам со мирна душа. Морам да ти признаам дека ти бев неверна…“

Трпе и ја стиснува раката. „Немој драга, не грижи се. Знам се за тоа.“

„Знаеш?“, го прашува Трпана забрзано дишејќи.

„Се разбира дека знам, драга. Зошто инаку би те отрул?“

- Реклама -