Познат како „Човекот крокодил“, костариканскиот љубител на животни – Чито, има необичен пријател – крокодилот Почо. Чито и Почо се наразделни 20 години – рибарот секој ден го храни крокодилот и потоа заедно пливаат и играат во езерото, а овој необичен и опасен спектакл привлекува голем број туристи од цел свет.
Познат како „Човекот крокодил“, костариканскиот љубител на животни –
Чито, има необичен пријател – крокодилот Почо. Чито и Почо се
наразделни 20 години – рибарот секој ден го храни крокодилот и потоа
заедно пливаат и играат во езерото, а овој необичен и опасен спектакл
привлекува голем број туристи од цел свет.
Ова необично пријателство започнало пред 20 години кога Чито го спасил крокодилот со тежина од речиси 500 килограми од сигурна смрт на брегот на Парисмина реката, во карипската провинција Лимсн. Крокодилот бил застрелан во окото, а според зборовите на 52-годишниот рибар Чито, тој го излечил со помош на лекови, храна и што е многу поважно – многу нега и внимание. За време на закрепнувањето, Чито постојано бил покрај Почо, дури и спиејќи покрај него навечер. „Сакав да се чувствува дека некој го сака и дека не се сите луѓе лоши.“ – вели Чито. „Ги сакам сите животни, особено оние што страдале. Тоа бараше голема пожртвуваност. Морав да бидам со него секој ден.“
Откако Чито почувствувал дека Почо се приврзал за него, тој почнал да станува се поблизок со опасниот рептил. „После 10 години почнав да работам со него. Најпрво одеше бавно и почнав да играм со него, да го допирам по малку и пополека да правам повеќе работи. Потоа открив дека кога ќе го повикам неговото име, тој доаѓа кај мене.“
Денес, туристи од целиот свет доаѓаат само за да бидат сведоци на овој необичен спектакл. „Среќен сум што го спасив и тој е среќен бидејќи со мене има сè што му е потребно“- вели Чито.