Една студија објавена во 1990-тата година, во Журналот за гастроентерологија, потврдува дека кај некои луѓе, кафето предизвикува „гастроколонска реакција“ (позната како трчање во ве-це) само некоја минута по првата голтка. Иако постојат бројни истражувања чија цел била да го објаснат ефектот на шолјата кафе врз нашите црева, научниците сеуште немаат сигурен одговор за тоа што точно не тера итно да го посетиме тоалетот.
Сепак, постои теорија дека кафето на некој начин влијае на епителното ткиво во стомакот и во тенкото црево. Познато е дека кафето ослободува гастрин, хормон кој се произведува во стомакот и кој ја зголемува активноста на дебелото црево. Со оглед на тоа дека стомачната област е најблизу до ректумот, дел од научниците сметаат дека зголемената активност доаѓа од кофеинот во кафето и би можела да биде одговорна за ефектот на лаксатив.
Но не е се така едноставно. Споменатата студија од 1990-тата покажува дека незгодниот ефект се случува и кај луѓето што пијат кафе без кофеин. Па така, слободно, па и научно, можеме да заклучиме дека не е се во кофеинот – нешто се крие и во кафето. Оставаме на професионалците да откријат што.