Ли Фулонг, столар од Кина, на прв поглед изгледа како и секој друг занаетчија. Тој е длабоко сконцентриран на својата работа, поминувајќи ги деновите во неговата работилница, и правејќи го оноа што најдобро умее. Меѓутоа, Ли не е само обичен столар. Всушност, резултатот од неговата работа ќе ве остави без здив.
Фулонг го напуштил образованието веднаш штом го завршил основното училиште, и започнал уште од најрана возраст да се занимава со она за кое бил свесен дека поседува талент.
Но, наместо да се задржи само на изработката на столици, маси, и слични парчиња мебел за во домот, тој имал многу поголеми амбиции.
Дури откако подобро ќе се фокусирате на неговата работа, ќе можете да забележите на што всушност Ли цели.
Дел по дел, дрвените делови се соединуваат во нешто за што е потребно навистина големо искуство, образование и пари.
Сепак, овие фактори не го спречуваат Фулонг да го оствари својот сон – да направи автомобил од дрво.
Резултатот е неверојатен. Овој целосно функционален автомобил е во потполност направен од дрво, и тоа во скромната работилница на Ли.