Како да пиеме алкохол без да се испијаниме?

Алкохолот е присутен на секоја забава и без разлика на поводот, многумина го конзумираат додека се дружат.

Постои тенка линија помеѓу пиењето алкохол за подобра забава и пиењето кое ја уништува забавата.

Во продолжение неколку совети како да избегнете опивање со помош на неколку трикови.

Јадете пред да излезете

Кога знаете дека излегувате на место каде што ќе пиете алкохол, јадете еден час пред излегување. Ако пиете на празен стомак, само си барате неволја. Докажано е дека алкохолот побрзо се апсорбира кога стомакот е празен. Храната ќе ви помогне алкохолот да се апсорбира побавно.

Напијте се чаша млеко неколку часа пред да започнете со пиење

Еден до два часа пред да започнете со консумација на алкохол напијте се чаша млеко. Млекото го „обложува“ стомакот, а со тоа ја забавува апсорпцијата на алкохол и ја намалува иритацијата на стомакот. Иако ваквото тврдење е дискутабилно и не е научно докажано, факт е дека млекото е храна, а секоја храна е препорачлива пред да започнете да пиете алкохол.

20130309174731123

Одредете си граница и не ја преминувајте

Пред да излезете од дома, помислете каде ќе одите и каков алкохол би се служел таму. Изберете си што ќе пиете и според некое претходно искуство или разумна проценка одредете колку чаши можете да испиете без да го доживеете непријатното пијанство. Две? Три? Четири? Ако самите не можете да се придржувате кон таа граница, побарајте некој ваш пријател да ве контролира. Имајте во предвид дека ако сте изморени или недоволно наспани, тогаш треба да консумирате и помалку алкохол.

Не мешајте различни пијалоци

На почетокот на вечерта одлучете што сакате да пиете, дали пиво, вино или одреден тип жесток алкохол, а потоа пијте единствено од него. Мешањето на пиво, вино и жесток алкохол не само што побрзо ќе предизвика пијанство, туку и ќе ви донесе поголеми главоболки наредниот ден.

Мезете во текот на пиењето

Ако често поткаснувате нешто додека пиете, тогаш ќе чувствувате дека стомакот ви е полн и помалку ќе пиете. Најдобро е да консумирате храна како кикирики или сирење, т.е. храна што содржи протеини.

alcohol2

Пијте еден пијалок во текот на еден час

Доколку се придржувате кон ова непишано правило, ќе успеете да ја контролирате количината алкохол што ја внесувате и ќе му дадете доволно време на телото да успее да се пребори со внесениот алкохол без посериозни последици.

На секој испиен пијалок, напијте се по една чаша вода

Многу е важно да пиете вода додека пиете алкохол. Алкохолот предизвикува дехидратација на телото којашто уште повеќе ги влошува симптомите на пијанството. Некои од симптомите на мамурлак, како вртоглавица, главоболка и сува уста, се последица на дехидратацијата предизвикана од алкохолот. Продолжете да пиете вода и откако ќе завршите со пиењето на алкохол.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Бројте си ги чашите

Во текот на забавата потребно е во секој момент да знаете колку пијалоци сте испиле. Ако започнете да заборавате колку сте испиле, вашата способност за расудување веќе е намалена и време е да ја спуштите чашата и да преминете на безалкохолни пијалоци.

Не пијте неколку пијалоци едноподруго

Консумирањето на големо количество алкохол во краток период е најлошото нешто што можете да си го направите. Така алкохолот носи токсини во телото толку брзо, што телото не може да се справи со нив.

1329823140_1

Избегнувајте го пушењето

Сите пушачи тврдат дека најмногу пушат додека пијат алкохол затоа што цигарата најмногу „им оди“ со чаша алкохол. Но, цигарите придонесуваат да се чувствувате многу полошо, особено ако не успеете да го контролирате пиењето. Наредниот ден сигурно ќе жалите за мешањето на цигари со алкохол.

Внимавајте со шампањското

Точно е дека меурчињата од шампањското или пенливото вино можат да ви „удрат“ во главата. Истражувањата покажале дека меурчињата ја забрзуваат апсорпција на алкохолот од телото. Наздравете со една чаша шампањско, но не продолжувајте да пиете шампањско цела вечер.

Знајте да кажете „не“

Пиењето во друштво најчесто е причина да испиете повеќе алкохол отколку што навистина сакате. Ако не можете да им одолеете на поканите од типот „ајде уште една тура“, тогаш лесно може да завршите пијани и да си ја уништите вечерта. Бидете цврсти и кажете „не“ кога мислите дека сте испиле доволно.

hitportal-alkohol-2

Ако не можете да кажете „не“, мамете

За време на прослава често се наздравува, па сите присутни пијат почесто. Но, вие не мора да пиете при секоја здравица. Доближете го алкохолот до устата без да се напиете или пак напијте се само мала голтка. Додека вашите пријатели не обрнуваат внимание, дополнете си ја чашата со сок или со вода, во зависност од пијалокот, за да изгледа дека имате доволно пијалок и да не треба да порачувате нов. И уште еден трик – земете ја чашата и со неа одете да се поздравите со пријателите на другата маса. Намерно оставете ја чашата некаде по патот и вратете се на вашата маса без неа. Никој не треба да ве принудува да пиете ако не сакате.

Колку и да може да го подобри вашето расположение и да направи да ви е позабавно, алкохолот многу повеќе може да ви ја уништи забавата. Ако сакате да си поминете одлично и да се сеќавате на вечерта наредниот ден, или пијте умерено или воопшто не посегнувајте по алкохолот.

- Реклама -