Низ историјата на „Fantasy Bra“ на Victoria’s Secret

Уште една година, уште една модна ревија на Victoria’s Secret.

Тоа е спектакл на раскош, перуви и скапоцени камења, модното шоу кое секогаш ги одбира најдобрите во моделството, и со сигурност нивните имиња ќе бидат на списоците на модните куќи месеците кои следат. И, од сета спектакуларна долна облека, постои едно парче кое стана најиконско- Fantasy Bra (Градникот фантазија).

Проценет во милиони и направен од страна на најреноминираните дизајнери на накит секоја година, тоа е дијаманско- украсен, мулти-каратен, централно парче од секоја модна ревија на Victoria’s Secret шоуто. Ултимативното признание на Ангел на Victoria’s Secret, како Хајди Клум, Жизен Бундхен, Миранда Кер, се само дел од имињата кои ја добиле престижната титула.

Денес ве носиме низ историјата на најдобрите Ангели кои го носеле фамозниот „Fantasy Bra“:

2014 година
Ангели: Алесандра Амбросио и Адријана Лима
Вредност: 2,000,000 долари секој

За прв пат во историјата на модната ревија на Victoria’s Secret, два грдника фантазија се креирани за Ангелите-ветерани Алесандра Амбросио и Адријана Лима. Сафири, рубини и дијаманти во сетот содржат 16,000 скапоцени камења (секој), придружени со 18-карактни скапоцени камења за украсите по телото, и на златарот Паскал Моувад и неговиот тим им биле потребни над 1,380 часа да го создадат.

2013 година: Royal Fantasy Bra
Ангел: Кендис Сванепол
Вредност: 10,000,000 долари

The price is right: Last year's Fantasy Bra saw Victoria's Secret splash the cash on a creative colorful design which was modeled by Candice Swanepoel

Fantasy Bra во 2013 година се одликувал со 4,200 скапоцени камења внимателно поставени во 18-каратно злато со 52 каратен крушевиден рубин.

2012 година: Floral Fantasy Bra
Ангел: Алесандра Амбросио
Вредност: 2,500,000 долари

Sweet scent: The Floral Fantasy Bra came complete with its own perfume, the Bombshell Fantasy Fragrance

5,200 аметисти, сафири, рубини и бели, розеви и жолти дијаманти се дел од ова сложено, флорално ремек-дело. Во 2012 година Амбросио беше избрана да го носи фантазија градникот по 11 години како Ангел.

2011 година: Fantasy Treasure Bra
Ангел: Миранда Кер
Вредност: 2,500,000 долари

Screenshot_19

Надворешно украсен со дијаманти, 3,400 скапоцени камења- вклучувајќи 142 каратни дијаманти, и безброј бисери, аквамарини и цитрини беа дел од создавањето на овој градник.

2010 година: Bombshell Fantasy Bra
Ангел: Адријана Лима
Вредност: 2,000,000 долари

Festival fun: Adriana's second Fantasy Bra had a much brighter theme to it and featured a fun feather headdress 

Составен од над 3000 брилијанен вез на бели дијаманти, светлосини сафири и топази во овална форма, сите врежани во 18-каратно бело злато. За составување и завршување на градникот биле потребни над 1500 часа од тим од шестмина Дамиани занаетчии.

2009 година: Harlequin Fantasy Bra
Ангел: Мариса Милер
Вредност: 3,000,000 долари

Champagne lifestyle: The Harlequin Fantasy Bra used white, champagne and cognac colored diamonds

2,300 дијаманти биле поставени го геометриска шема со 16-каратен дијамантски привезок во облик на срце, како шлаг на се.

2008 година: Black Diamond Fantasy Miracle Bra 
Ангел: Адријана Лима
Вредност: 5,000,000 долари

Dark and stormy: Decorated with 3,575 black diamonds, Adriana Lima's first Fantasy Bra was also one of the darkest designs created

Создаден од познатиот дизајнер на накит Мартин Кац, градникот е украсен со 3,575 црни дијаманти, 117 сертифицирани едно-каратни округли дијаманти и 34 рубини.

2007 година: Holiday Fantasy Bra
Ангел: Селита Ебанкс
Вредност: 4,500,000 долари

Holiday cheer: Another Christmas-themed design was modeled by Selita Ebanks in the 2007 show

Создаден од страна на златарот Моуавад, градникот, тангата, каишот, ракавите и баретната се сет од дијаматни, рубини, смарагди и жолти сафири.

2006 година: Hearts on Fire Diamond Fantasy Bra
Ангел: Каролина Куркова
Вредност: 6,500,000 долари

Ice queen: Conjuring up images of snow and ice, this diamond-encrusted bra featured a 10 carat diamond brooch centerpiece

Украсен со над 2000 дијаманти, градникот содржи 10-каратен дијамантски брош како централно парче.

2005 година: Sexy Splendor Fantasy Bra
Ангел: Жизел Бундхен
Вредност: 12,500,000 долари

Festive fun: While not quite as expensive as her previous Fantasy Bra, this Christmas-themed number worn by Gisele in 2005 was still one of the priciest designs created by the brand and was valued at $12.5million

Поставен во 18-каратно бело злато, Жизел шеташе на модната писта во креација обложена во дијаматни и рубини.

2004 година: Heavenly “70” Fantasy Bra
Ангел: Тајра Бенкс
Вредност: 10,000,000 долари

Working 9 to 5: It was reported that more than 275 hours of labor went into making the 2004 design

Градникот се карактеризирал со 70-каратен дијамант во облик на круша.

2003 година: Very Sexy Fantasy Bra
Ангел: Хајди Клум
Вредност: 11,000,000 долари

Third time's the charm: Heidi Klum has had the honor of modeling the Victoria's Secret Fantasy Bra on three occasions

Уште една креација на Моуавад, за создавање на овој градник биле потребни 370 часа, украсен со 2,800 скапоцени камења и како централно парче бил 70-каратниот Excelsior дијамант.

2002 година: Star of Victoria Fantasy Bra
Ангел: Каролина Куркова
Вредност: 10,000,000 долари

Flower power: The Star of Victoria Fantasy Bra featured a beautiful floral design, created using a variety of precious gems

Сензационалното цветно парче содржи 60-каратен Mouawad Mondera дијамант со вкупно 1,600 смарагди и 1,150 рубини поставени во шема на лисја и рози.

2001 година: Heavenly Star Bra
Ангел: Хајди Клум
Вредност: 12,500,000 долари

Screenshot_17

Првата година кога фантазија градникот бил претставен на модната писта, ова парче на долна облека било покриено во 1,2000 розеви сафири од Шри Ланка и 90-каратнен смарагд во облик на дијамант.

2000 година: Red Hot Fantasy Bra
Ангел: Жизел Бундхен
Вредност: 15,000,000 долари

Screenshot_16

15 милионското парче го освои првото место во Гинисовата книга на рекорди како најскапото парче долна облека некогаш направена. Самиот градник е направен од црвен сатен и украсен од 1,300 дијаманти и рубини, вклучувајќи 300 карати на тајландски рубини.

1999 година: Millennium Bra
Ангел: Хајди Клум
Вредност: 10,000,000 долари

Happy New Year! The Millennium Bra was created in celebration of the year 2000

 

Инспириран од ѕвезденото небо, со над 2000 дијаманти и сафири се поставени за оваа ѕвездена креација.

1998 година: Dream Angel Fantasy Bra
Ангел: Даниела Пестова
Вредност: 5,000,000 долари

Dreamy: The Dream Angel Fantasy Bra featured a variety of precious gemstones set into a platinum design

Чешката манекенка Даниела стана третиот Ангел избран да го претстави фантазија градникот на грациозна креација со скапоцени камења.

1997 година: Diamond Dream Bra
Ангел: Тајра Бенкс
Вредност: 3,000,000 долари

Diamonds are forever: The Diamond Dream Bra featured nearly 100 diamonds around the trim, and a 42 carat diamond at its center

Иако е едено од посуптилните фантазија градници, елегантниот бел сатен и дијамантскиот градник воодушеви. И покрај неговата едноставност, градникот располага со 42 каратен дијамант во центарот на градникот и 93 помали дијаманти во облик на круша.

1996 година: Million Dollar Miracle Bra
Ангел: Клаудија Шифер
Вредност: 1,000,000 долари

 

Соодветно именуваниот градик од милион долари, иако е најефтиниот од сите фантазија градници, Клаудија Шифер е сензационална во првиот градник украсен со дијаманти.

- Реклама -