Од сите емоции тагата трае најдолго. Таа продолжува 240 пати повеќе отколку другите емоции како срам, изненадување, навреденост и здодевност.
Белгиските научници го објаснуваат тоа со фактот дека тагата се асоцира со многу болни лични настани како смртт или несреќни случаи, и човек има потреба од повеќе време за да се справи и да разбере што се случило.
Специјалистите Филип Верјоин и Саскиа Лаврџсен замолиле 233 студенти да се сеќаваат на последните емоционални настани и да се обидат да кажат колку време продолжиле да го чувствуваат тоа. Учесниците требало и да одговорат на прашања кои влијаат на тоа како се справуваат со различните емоции.
Така станало јасно дека од 27 емоции тагата продолжува најдолго, додека срамот, стравот, одвратноста, здодевноста, нервозата се најминливи.
Освен тоа иако некои емоции си наликуваат, времетраењето им е различно. Пр. чувството на вина е малку подолго од срамот, а тревогата – од стравот.
Детерминанта, за тоа колку долго ќе трае една емоција е, замисленоста. Емоциите кои бараат повеќе размислување, продолжуваат што е можно подолго.
Научниците објаснуваат уште дека здодевноста е една од најкратките емоции, независно од фактот што кога ни е досадно ни се чини дека времето не минува.
Еве како научниците го пресметале во часови времетраењето на некои емоции:
Тага – 120 часа
Омраза – 60 часа
Радост – 35 часа
Очај, надеж тревога, разочарување и задоволство – 24 часа
Љубомора – 15 часа
Олеснување – 8 часа
Ентузијазам – 6 часа
Восхит и благодарност – 5 часа
Вина – 3,5 часа
Стрес – 3 часа
Гордост – 2,6 часа
Злоба, досада, чудење – 2 часа
Иритација – 1,3 часа
Сочувство – 1,3 часа
Понижување – 0,8 часа
Страв – 0,7 часа
Срам и гадење – 0,5 часа
Како и секогаш љубовта е енигма.