Научни феномени што остануваат мистерија до ден денес

За повеќето од нас модерната наука изгледа како нешто неразбирливо и застрашувачко. Нешто што е во власта на луѓе кои имаат способност да манипулираат и да ја истражуваат природата.

Не смееме сепак да заборавиме дека не е сè познато во науката (колку и моќен инструмент да е таа) и дека има прашања на кои научниците не можат да дадат конкретен одговор.

Во следните редови ви претставуваме некои од најзначајните природни феномени кои остануваат мистерија за истражувачите.

 1. Кајперовиот појас

На крајот на Сончевиот систем е лоциран појас од комети и астероиди, познат на науката како Кајперовиот појас. Анализите покажуваат дека количеството објекти во астероидниот појас се намалува чувствително со времето. Едно од неверојатните објаснувања е дека феноменот се должи на присуството на мистериозна планета Х, што обиколувајќи го овој оддалечен од нас регион, со гравитација ги „ограбува“ остатоците од појасот.

2. Плацебо ефектот

images

Покажува колку слабо се уште ја познаваме човечката психа и силата на мозокот да го контролира телото. Плацебо ефектот демонстрира како во многу од случаите примената на јавно неефикасни методи на лекување како на пример давање на шеќерни апчиња, може да ја подобри состојбата на пациентот не помалку од вистинскиот лек. Единствениот услов е самиот пациент да не знае дека е „лекуван “со непостоечки лек и да биде убеден во ефикасноста на третманот. Научниците претпоставуваат дека плацебо ефектот е во суштина биохемиски, но неговата генеза во моментов е непозната.

3. Звукот Bloop

The_Bloop 

 

Моќен инфразвуков подводен татнеж, кој ги разделува длабочините на Јужниот Пацифик околу една минута. Мистериозниот звук е откриен за прв пат во 1997 година, а научниците се уште го истражуваат неговото потекло. Ако е предизвикано од некое непознато животно, тоа мора да е многу поголемо и од најголемите китови – слично на митските, кои според легендите успевале да потопат големи бродови во рамките на секунди.

4. Ефектот ноцебо

12GRAY-articleLarge

Сличен на плацебо ефектот, но со спротивен знак. Ако поставиме клинички здрави луѓе во негативна рамка – на пример ако им кажеме дека се отруени или се заразени со опасна болест, тогаш ова може да ги разболи или барем – да ги натера да се чувствуваат лошо. Тука влегуваат и тешките случаи со луѓе на кои неправилно им е дијагностицирано дека се смртно болни. Како резултат наместо да се опорават од болеста, тие умираат. Слично на плацебо, и ноцебо ефектот останува необјаснет од медицинската наука.

5. Проблемот со литиум

experiment-unter-urknall-bedingungen-bestaetigt-lithium-problem

Според теоријата на Биг Бенг денес во видливиот Универзум треба да постои речиси 66% повеќе од лесниот метал литиум, отколку што научниците откриваат. Недостатокот на овој хемиски елемент го загрижува научниот свет, со тоа што дел од космолозите мислат дека во самата теорија има проблем, кој се уште не е разјаснет.

- Реклама -