Една австралиска веб страница на сите заинтересирани им нуди можност да испраќаат кратки пораки во вселената. Пораките од максимум 160 карактери ќе бидат испратени во правец на планетата Gliese 581 d. Тоа е планета која е најблиска до нашиот сончев систем и на која можеби постојат услови за живот.
Една австралиска веб страница на сите заинтересирани им нуди можност да
испраќаат кратки пораки во вселената. Пораките од максимум 160
карактери ќе бидат испратени во правец на планетата Gliese 581 d. Тоа е
планета која е најблиска до нашиот сончев систем и на која можеби
постојат услови за живот.
Портпаролот на проектот вели дека не знае дали ќе има одговор на пораките. Тоа е како шише кое наместо во море е фрлено кон ѕвездите. Она што е битно не е дали некој ќе ги прими пораките, туку што сакаат луѓето да им порачаат на интелигентните облици на живот на некоја друга планета, истакнува тој. „Оваа иницијатива е наш начин да покажеме дека науката невозможното може да го направи возможно. Веќе бевме на месечината, а од сега можеме да разговараме со ѕвездите.“
Како што пренесуваат австралиските медиуми, првата порака за вонземјаните ја испрати австралискиот министер за наука, Ким Кар, и таа гласи „Поздрав од Австралија на планетата која ја нарекуваме Земја. Овие пораки ги изразуваат соништата на нашиот народ за иднината. Сакаме да ги поделиме со вас.“
Необичната иницијатива е остварена во соработка со NASA. Сите пораки ќе бидат испратени од центарот "Deep Space Commuication Complex" во Канбера. Па, што би сакале вие да им порачате на вонземјаните? Имате време да размислите за тоа до 24 август, а сега погледнете ги пораките што ги испратиле другите на www.hellofromearth.net.