Сите што помислија дека се работи за обичен авион, се излажаа

Овој авион се наоѓа на напуштена писта на аеродромот Арланда крај Стокхолм во Шведска.

Откако служел на многу авионски компании низ целиот свет, авионот почива на асфалтот од 2008 година.  Никој не се грижи да го полнат со гориво, никој не прави проверка на притисокот.

Наместо тоа 747 е наменет да служи како хостел. Jumbo Hostel можете да го најдете на 15 минути пешачење од главниот терминал или на пет минути со автобус. Тој  располага со неколку двокреветни и трокреветни соби со заеднички туш и тоалет, како и со луксузен стан во  пилотската кабина, која нуди панорамски поглед кон аеродромот.

1(817)

 

Reception staff talk to a woman during a media preview of the Jumbo Hostel at Arlanda Airport

 

За изградбата на хостелот и за да биде најдено место за сите кревети, куќиштето на авионот е изменето. Сите седишта се отстранети, а авионот е целосно саниран. Неколку елементи на авијацијата сепак се уште се недопрени, како што се предупредувачките натписи околу итни излези.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

6(573) 5(687) 2(870)

Во пилотската кабина оригиналната контролна табла на пилотот веќе неупотреблива, додава автентичен шмек на станот. Сите соби располагаат со ТВ со рамен екран, каде што гостите можат да го набљудуваат времето на поаѓање на сите летови.

7(514)

 

Освен тоа е осигурен пристап до безжичен широкопојасен интернет. Освен тоа хостелот располага и со кафуле кое работи деноноќно.

3(817)

 

0jumbo_hostel_1

- Реклама -