Ова е најскапата куќа во Сан Франциско, што во моментов се продава за 39 милиони долари.
Сопственици се Роксана и Мајкл Клајн. Таа е познат готвач, а тој е претприемач, кој што основал и продал три телекомуникациски компании, а денес е сопственик на компанија Modulus Guitars која што произведува гитари.
Домот е на 5 спрата и има многу камини. Се наоѓа во престижниот кварт Пасифик Хајтс.
Куќата е изградена во 1902 година, а во 2002 година е реновирана. Вкупната површина за петте ката е 1486 квадратни метри. Има седум спални соби, како и неколку соби само за одмор, со големи плазма телевизори, полици со книги и удобни фотелји. Еве неколку слики: