Бизарно: Би пробале ли од овие „смртоносни“ сладоледи?

Сте помислиле ли некогаш на тоа какво би било чувството доколку лижете кактус? Најверојатно не, но со сигурност не е воопшто пријатно. Сепак, откако ќе ги видите овие сладоледи во галеријата подолу, можеби и ќе добиете желба (секако, во еден поинаков облик).

1520002-sladoled„Опасните“ сладоледи се колекција на необични ледени десерти чиј облик е инспириран од разните видови на вирусни бактерии кои се опасни по живот.

1520008-sladoled1Секако, вкусувањето на некој од овие слатки примероци нуди единствено искуство за вашите сетила, а притоа нема во никој случај да му наштети на вашиот организам.

1519992-sladoled3Имено, иако нивната идеја поттикната од страшните вируси на прв поглед ќе ве наежи, сепак, тие на вкус не се ништо повеќе од шеќер, вода, и некој овошен екстракт.

1520014-sladoled4

Како се прават?

Најпрво, вирусните облици се принтаат со помош на 3D принтер, од кој подоцна се изработуваат и силиконски калапи. Потоа, во нив се сипува смесата, која откако ќе отстои доволно долго во замрзнувачот се претвора во сладолед.

1520015-sladoled5Погледнете го процесот во видеото:

- Реклама -