Зошто луѓето се бакнуваат? Науката дава одговор

Наједноставното објаснување е дека луѓето се бакнуваат, бидејќи чувството е пријатно. За некои, сепак тоа не е доволно. Постојат луѓе кои се занимаваат со анатомија и еволутивна историја на бакнежот. Тие се нарекуваат филематолози.

Засега предметните научници не успеале да објаснат категорично од каде потекнува бакнежот. Тие сепак нудат неколку теории и покажуваат како нашата биологија влијае на овој страствен чин.

Клучното прашање е дали бакнежот се учи или е инстинктивна акција. Некои тврдат дека тој се учи и датира уште од најраните предци. Во тоа време мајките најверојатно ја џвакале храната и им ја предавале на-уста на своите бебиња. Дури откако на детето му растеле заби, мајките продолжувале да го допраат по образите со усните, за да го тешат.

Во поддршка на теоријата дека бакнежот се учи, а не е инстинктивен, доаѓа и фактот дека не сите луѓе го прават тоа, покажуваат антрополозите. 90 проценти навистина се бакнуваат, но има и 10 проценти, кои немаат поим што испуштаат.

Други сметаат дека сепак бакнежот е инстинктивно однесување. Во поддршка на своето тврдење тие споменуваат еден куп животни кај кои оваа акција исто се среќава. На пример, некои ги тријат носевите во знак на привлекување, други се бакнуваат.  Исто како луѓето.

Денес најзастапена теорија за бакнежот е следнава – луѓето се бакнуваат, бидејќи тоа им помага да се зближат со квалитативниот партнер. Кога лицата се  блиску едно до друго, феромоните почнуваат да “зборуваат”. Тие разменуваат биолошки информации за тоа дали двајца ќе произведат силна генерација. Жените пример го преферираат потсвесно мирисот на оние мажи чии што гени за одреден тип протеини од имунолошкиот систем се различни од нивните сопствени. Слична комбинација ќе произведе генерација со многу силен имунолошки систем и подобри шанси за опстанок.

Сепак, некои луѓе се задоволни и од објаснувањето дека се бакнуваме, бидејќи е пријатно. Кога доживуваме толку пријатно нешто, ние обично не мислиме премногу на тоа, зошто се бакнуваме. Напротив – го правиме тоа се почесто.

- Реклама -