Комичарот Клаус Пилгард, познат и како Чили Клаус, приреди навистина необичен спектакл откако успеа да ги убеди членовите на еден ансамбл да пробаат некои од најлутите чили пиперки на светот, на среде концерт.
„Жртвите“ бил членови на данскиот национален камерен оркестар, и повеќе од очигледно е дека не поминале воопшто добро. Имено, тие едвај со маки и солзи успеаја некако да ја изведат предвидената композиција, а крајот не изгледаше воопшто достоинствено.
Резултатот бил овековечен со помош на камери, а подоцна и прикачен на YouTube.