Што ли е таа мистериозна сила што предизвикува ваков феномен?
Физичарот Брајан Кокс неодамна го посети Space Power центарот на НАСА во Охајо за да ја разгледа комората за вселенска симулација. Висока 37.2 метри и со дијаметар од 30.5 метри, колосалната конструкција има волумен од 22.653 кубни метри, што ја прави најголема вакуум комора во светот. Кокс и останатите присутни имаа можност да присуствуваат на една магична глетка.
Да преминеме на експериментот. Во нормални услови (присуство на воздух), лесниот објект би паѓал многу побавно од тешкиот, заради воздушниот отпор и неговата мала маса. Но, кога ќе го тргнеме воздухот и воздушниот отпор од равенката, се случува нешто сосема чудно – топката и пердувот, во случајов, паѓаат со иста брзина.
Веројатно многумина од вас веќе го знаат ова и го предвидоа исходот, исто како и научниците кои го спроведоа експериментот. Сепак, има нешто особено восхитувачко во тоа да го видите ова со свои очи, особено кога се одвива во најголемата светска вакуум комора. Доказ за тоа е воодушевувањето кај самите научници, кој барем стотина пати спровеле слични експерименти, но од помал размер.