На мажите ова ќе им звучи неверојатно, но сепак е вистина!

Интернет страницата Jimmyjane.com спроведе истражување за женската мастурбација, при што биле откриени неколку помалку познати факти за оваа „активност“?

1. Мастурбираат многу повеќе жени одошто мислите

Истражувањата покажале дека 92 проценти од жените редовно мастурбираат, а голема е веројатноста дека останатите 8 проценти не се искрени.

Исто така, истражувањата покажале дека 62 проценти од жените се самозадоволуваат два до три пати во неделата. Доколку 10 проценти ова го прават секој ден.

2. Некои жени мастурбираат и без физичка стимулација

Некои жени можат да се возбудат само размислувајќи за нешто што ги возбудува, и при тоа можат да постигнат оргазам без физичка стимулација.

Бери Р. Комисарук, професор на Универзитетот Раџерс, ги проучувал жените кои можат да постигнат оргазам без никакви допири. Неговите сознанија биле дека ваквите оргазми имале еднаков интензитет како и класичните.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Favim.com-5898

3. Мастурбацијата помага при менструалните грчеви

Експертите дошле до сознание дека хормоните кои го стимулираат чувството на удобност, се испуштаат за време на мастурбацијата, поради што оваа активност може да помогне да се намалат болката и грчевите за време на менструацијата.

4. Жените мастурбираат и за полесно да заспијат

Некои жени не се самозадоволуваат само заради забава. Понекогаш, тие го прават тоа и со цел да се опуштат. Истражувањето покажало дека дури 32 проценти од жените мастурбираат за полесно да заспијат.

5. Некои жени уживаат повеќе во мастурбацијата отколку во сексот

Според истражувањето, 41 процент од жените признале дека повеќе уживаат во самозадоволувањето одошто во сексот.

- Реклама -