Со трката на веслачи помеѓу германските и бугарските офицери, започна снимањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде Шербеџија, во Велес.
Почетокот на снимањето предизвика голем интерес кај велешани, кои со внимание го следеа процесот, пишува велешкиот интернет весник „Ти реков ми рече“.
Повеќе од стотина велешани се ангажирани како статисти во филмот, од германски, бугарски, италијански офицери и војници, преку тогашни локални моќници и власти, свештеници до обичен народ. Сите тие ја следеа веслачката трка. За таа цел куќите покрај Вардар помеѓу двата моста беа накитени во несекојдневен и невообичаен декор – германски, бугарски и италијански знамиња, со кои граѓаните ги поддржуваа веслачите.
Доколку ве интересира како тече снимањето, можете да погледнете неколку фотографии во продолжение.