Македонски оглас на денот: Продавам муви!

Доколку живеете во Битола, и ви се потребни муви, професионалниот „мувач“ по име Пецо е вашето решение.

Имено, според огласот кој тој го има поставено на познатата веб-страница за огласување, „Реклама 5“, тој продава домашни муви по најповолна цена. Освен тоа, тој гарантира за нивната свежина.

Затоа не мислете премногу и не чекајте повеќе, туку веднаш земете го телефонот во вашите раце и побарајте го Пецо.

muvi

- Реклама -