Сите го знаеме златното правило дека никогаш, под никакви околности не треба да ставаме метал во микробранова.
Излегува дека, сепак, некои метали спокојно можат да опстанат во печката. Всушност, многу од компонентите на шпоретот се создадени од метал.
Од ова видео на HuffPost Science, ќе се уверите дека сето тоа зависи од типот на метал и формата на објектот. Генерално кај лажиците нема проблем. Вилушките сепак можат да произведат искри поради стекнатиот негативен полнеж на врвовите. Во зависност од она што друго има во микробрановата, овие искри би можеле да предизвикаат пожар. Дури и тоа да не се случи, има опасност да го оштетат шпоретот.
И покрај сè, најверојатно се уште не е добра идеја да го ставате вашите прибор во внатрешноста, па не експериментирајте.
Ако сакате да ја задоволите љубопитноста, направете го тоа само со помош на ова видео.