Фотографот Пит Торн открива дека снимањето на постарите луѓе може да доведе до создавање на моќни портрети. Истото може да се каже и за кучињата.
Неговата фотосерија „Стари и верни” ни нуди топол и интимен поглед кон најдобриот пријател на човекот во неговите поодминати години.
Секое лице на оние возрасни животни раскажува приказна за живот, полн со убави и лоши моменти. Во серијата има над 50 слики, но очигледно ќе има уште многу. Торн, кој живее во Торонто, го повикал секој кој сака да го фотографира “навистина старото куче”, да се поврзе со него.
„Го фотографирав Хлодвиг малку по неговиот четиринаесетти роденден. За жал почина малку по создавањето на сликата”, раскажува фотографот . „ Ја сликавме и Стела – 12-годишна едноока Чивава.”
Погледнете ги најдобрите пријатели на човекот.