Видео рецепт: Коктел од лиснато тесто – Мини Хот дог

Фичо ќе ни покаже како да направиме брзо и лесно мезе, или појадок. Едноставен рецепт кој може да го подготват дури и почетници во кујната.

Подготовка

Чекор 1: За денешниот рецепт, Фичо одлучи да користи готово лиснато тесто.

Го расукувате малку и го сечете на делови колку да собере да завиткате виршла. Фичо одбра да користи мали виршли.

тесто го премачкувате со сенф и му додавате виршла и секој Хот дог го премачкувате со заматена белка од јајце во која ќе додадете малку маслиново масло.

Начос чипсот раздробете го во Чоперот од Делимано и наросете го секој хот дог.

Чекор 2: Доколку ви остане вишок тесто кое не можете да го искористите за хот дог направете ваша креација на лиснато тесто. Фичо направи неколку комбинации кои, како што вели тој, се одлични за појадок! Погледнете ги во видеото.

Чекор 3: Ги редите Лиснатите Хот Дог лиснати и останатите креации во најголемиот плех од Делимано и печете во загреана рерна на температура од 200 степени.

Чекор 4: Сервирајте ги по желба, доколку ги направите за појадок одлично би било да ги комбинирате со чаша јогурт.

Фичо направи и сос од кечап, мед, Ворчестер и оригано.

СОВЕТ: Лиснатото тесто е доста комплицирано за спремање, од прва причина што за добро лиснато тесто се потребни 24 часа стоење. Потоа, расукувањето на корите и спојувањето со путерот кој треба да е на 2 степени пониска температура од температурата на корите е дополнителен комплициран чекор. Просторијата во која се спрема лиснатото тесто треба да биде на константна температура од 22 степени. Но, во некој од наредните видео рецепти, Фичо ќе ни покаже подготовка на упростена верзија за домашно лиснато тесто.

- Реклама -