Конкурсот „Мис Европа” се одржал за прв пат во 1920 година и бил еден од најозборуваните настани во печатот. Во 1930 година се одржал во Париз и по улиците пред салата имало турканици, желни да ги видат учесничките.
Победничка во 1930 година била претставничката на Грција, Алики Диплараку. Во својата татковина таа била избрана со конкурс, во кој како жири учествувала владата и кралското семејство – победата на Алики била национална кауза. Како што се гледа од сликата подолу, таа не била најубавата учесничка, но затоа пак била од семејството на познат атински адвокат, била прекрасно образована и говорела четири јазици. По победата Алики го обиколувала светот, искористувајќи ја титулата максимално за промоција на својата земја.
Ова се фотографиите на учесничките, најубавите девојки на Европа во 1930 година.
Како ви се допаѓаат во споредба со она што го гледаме на изборите за убавина денес?