Ракописот е нешто навидум толку стандардно, но содржи во себе повеќе скриени знаци и пораки, отколку што можете да замислите.
Излегува дека ракописот може во голема мера да им покаже на луѓето околу нас со кого си имаат работа.
Начинот на кој човекот пишува, се прифаќа како нагледна слика за овој момент од неговиот живот. Според видот на ракопис, притисокот на пишување и големината на буквите можеме да разбереме дали некој е мирен или динамичен, на пример.
Еве неколку основни црти од карактерот на човекот, кои стојат под одредени белези на ракописот:
Отвореност : заоблени букви, кон десно
Интелигенција : јасен просторен распоред, изразени горни должини, букви без истакнати облини
Превласт : силен притисок, ракопис со дебели линии
Креативност : високи црти, простор меѓу редовите
Себичност : силно изразени должини кон надоле, јасно изразени искривувања кај големите и почетни букви, тенденција кон изолирани букви
Чувство на должност : ситен, јасен ракопис со умерен притисок
Нечесност : премногу прекини при испишувањето на дадена буква
И сега, нешто што сигурно ќе ви заинтригира.
Психолозите откриле зависност меѓу сексуалниот живот на човекот и неговиот ракопис.
Ако буквите кои ги пишувате, се навалени надесно, ова сугерира дека сте самоуверена и слободоумна личност на интимен план.
Убавиот ракопис е типичен за моногамна личност која води униформен сексуален живот и не е заинтересирана за авантури.
Левиот наклон при пишувањето зборува за интровертност, која што не дозволува слободно доживување на сексуалните емоции.
Откривте ли веќе нешто ново за себе?