Денеска ќе ги отвориме вратите на еден оригинален и незаборавен дом, дизајниран специјално за една пијанистка од Англија.
Т.н. „камбана куќа” е дело на David Sheppard Architects и е преплавена во дневна светлина. Тоа е совршен дом за клиентка која што побарала простор во кој ќе може да се сместат нејзините две пијана.
Архитектите се согласиле со нејзиното барање и изградиле одлична структура со зелен покрив, кој што ја доловува светлината од секоја страна.
Сопственичката се држела до идејата да има само една спална соба и доволно простор за нејзините две пијана. Овој проект нуди минималистички дизајн и елегантни ентериери. Белото и природно дрво се главните бои и елементи, а како декорација се сведени речиси на минимум. Бидејќи сè е реализирано со ограничен буџет, материјалите се внимателно одбрани и крајниот резултат е навистина импресивен.
Архитектите биле инспирирани од концептот на Рудолф Штајнер за техника со експресивно движење при дизајнирање на просторот.
Оградата од тула во предниот дел на куќата се движи механички и обезбедува пристап до паркинг, одделен од улицата.
Дали би живееле во сличен дом?