Црна боја за есен, зима 2014 – 2015

Ја сакам црната боја. Ни во една боја не се чувствувам толку добро како во црната. Елегантна е, софистицирана, но и сестрана, па одговата на секоја прилика.

Многу жени со облини го делат моето мислење, едноставно обожаваат гардероба во црна боја.

Уште една од предностите на гардеробата во црна боја е тоа што идеално се комбинира со секоја, баш секоја друга боја. Не мора секое парче на вас да биде во црна, но, доколку успеете да си дозволите квалитетен црн капут, едни класични црни панталони, елегантен црн фустан, црно здолниште и некои пар црни обувки со потпетици, вие ќе изгледате совршено во сите прилики.

Панталоните како работна комбинација можете да ги носите со различни блузи, кошули, џемпери и со соодветни аксесоари, па да добиете безброј варијанти за феноменален и тренди изглед.

Елегантниот фустан со различки аксесоари, чорапи, обувки, секогаш можете да го освежите да изгледа нов и поинаков.

Со црната боја не можете да згрешите.

Еве неколку парчиња во црно, идеално за секоја жена.

… модна блогерка….

Screenshot_1

 

- Реклама -