Не си легнувајте прејадени

Првото нешто што ви доаѓа да го направите по обилен оброк е да си легнете. Но, според експертите, тоа претставува многу голема грешка.

Можеби не сета храна што ќе ја внесете ќе се претвори во масни наслаги, но легнувајте со преполн желудник може да предизвика одредени здравствени потешкотии, па дури и трајни последици:

Дебелеење

Не е толку важно кога јадеме и колку јадеме, колку што е важно дали оние калории кои ќе ги внесеме ќе ги потрошиме, односно ќе ги употребиме. Јадењето пред спиење е потенцијална опасност за нагло зголемување на килограмите бидејќи организмот нема каде да ги потроши калориите и мора да ги складира. А, какви сè ризици доаѓаат со прекумерната телесна тежина веќе е многу добро познато.

Киселини

Ако си легнете по обилен оброк, уште и ако спиете на грб, големи се шансите дека ќе ви се јават киселини. На почетокот ќе се чувствувате извонредно, но подоцна телото ќе се обиде да се одмори, а дигестивниот систем ќе мора напорно да работи. Резултатот од тоа е вишок желудечна киселина која можете да ја почувствувате како горење кон градите па дури и до грлото. Доколку ова често ви се случува, киселината може да предизвика и други несакани проблеми со хранопроводот или желудникот.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Срцев удар

поред последните истражувања доколку си легнете веднаш по обилен оброк имате голем ризик од срцев удар. Ова го потврдуваат и неколку други истражувања, кои советуваат да не се прејадувате пред спиење.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -