Шведските научници внимателно анализирале 28 бебиња во текот на еден час по раѓањето, со цел да ги забележат нивните први реакции.
Резултатите од истражувањето беа неодамна објавени.
Минута 0 : бебето испушта звук на лутење, за да ги активира белите дробови.
Минута 2: по првиот плач, бебето се опушта и лежи неподвижно на градите на мајката. Авторите на студијата претпоставуваат дека бебето мирува за да се сокрие од евентуалните предатори.
Минута 2,5 : бебето прв пат отвора очи и почнува да ги движи главата и устата.
Минута 8: бебето станува активно и држи отворени очи цели пет минути. Започнува да станува гладно и ја движи главата кон градите на мајката.
Минута 18: задремува
Минута 62: првото доење – бебето голта помала количина колострум ; мајчините гради се стимулирани и почнуваат да произведуваат млеко.
Минута 70: бебето спие.