Директорот на Google скокна од стратосферата и го собори рекордот на Баумгартнер

Директорот на Google, Алан Јустас, во петокот, во потполна тајност скокна од висина од речиси 42 километри, со што постави нов рекорд.

Само две години после рекордот кој го постави Феликс Баумгартнер скокајќи од висина од 39.044 метри, Јустас одлучи да отиде еден чекор понапред, и да го собори веќе поставениот.

JUMP-articleLarge

57-годишниот директор на Google, скокал од неверојатни 41.842 метри, а скокот од „работ“ на вселената до земјиното тло траел 15 минути. Тој ја сокрил својата цел од јавноста, а предизвикот го финансирал сам.

Во петокот наутро по локално време, Јустас со балон полн со хелиум од Ново Мексико се искачил до стратосферата.

JP-JUMP2-articleLarge

За време на падот тој се движел и со прзина поголема од 1.300 метри во секунда.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

„Беше неверојатно, прекрасно! Видов дел од вселената и слоеви на атмосферата кои никогаш претходно не сум можел да ги видам“, изјавил Јустас за „New York Times“.

Тој за овој подвиг се подготвувал цели 34 месеци, со поддршка на компанијата „Paragon Space Development“, и нејзиниот тим кој воедно го дизајнирал скафандерот и остатокот од опремата.

- Реклама -