Стоп за ноќниот оброк!

Желбата да се голтне целиот фрижидер навечер секогаш е полна со опасности за здравјето.

Покрај наталожувањето на килограмите, оваа навика го оптоварува и збунува организмот со нездрава храна и тоа во доцните часови. Заборавете на мрсните и засладени јадења во тоа време. Тоа збунувачко чувство се должи на дел од мозокот задолжен за дигестивниот систем. Ако јадете додека сте расеани или јадете додека многу брзате, нема да ги забележите квалитетите на храната (работи како мирис, вкус и текстура). Всушност стомакот ви кажува дека е полн, но вашиот мозок, кој е одговорен за сетилата не ги забележува квалитетите на храната. Оттука, може да се најдете во кујната сред ноќ, точно пред спиење, бидејќи мислите дека сте гладни, иако тоа не е така.

late-night-snack

Ќе ви дадеме неколку совети како да го запрете ноќното нуркање во фрижидерот. Прво треба да ја намалите брзината со која јадете и да го негувате вашето тело со хранливи производи. Ако ги следите долуспоменатите чекори ќе заборавите на лошата навика да јадете во ниедно време.

ukyuy

Јадете полека!

Свесни сме дека повеќето луѓе не посветуваат многу време за да се хранат квалитетно и поткаснувајќи на нога, во лифт или по скалите. Колку време обично посветувате на појадок? Ако ви одзема 5 минути – направете ги 10, а по еден месец 15! Започнете постепено да го избегнувате чувството за преоптовареност. Одделете време при секоја исхрана и уживајте во храната и јадењата кои што ги консумирате.

eating-from-fridge

Направете мали паузи

Тешко ви е да се храните побавно за време на ручекот и вечерата? Зошто не се обидете со следново трикче: ставајте ја вилушката на масата по секој залак. Џвакајте полека и  фокусирајте се на вкусот и аромата на храната. Причината да го одложите темпото на исхрана е едноставно – на вашето тело му требаат 15-20 минути, за да сигнализира дека е сито. Кога се храните побавно ќе почувствувате дека ви е потребна многу помалку храна од онаа која досега сте земале. На овој начин дури и ќе ги намалите калориите и ќе изгубите некој  килограм.

thrtr

 

Не јадете пред ТВ или компјутер

Јадењето треба да се случува само на масата за јадење и никаде на друго место! Да, и ние се бориме со сите сили да го почитуваме ова правило. Знаеме дека е тешко … Ако се храниме пред телевизорот нема да ги забележиме квалитетите на храната што ја јадеме и ќе ги пропуштиме сигналите кои нашето тело ни ги праќа. Престанете да гледате на исхраната како нешто што треба да го направите. Исхраната не треба да се смета за непријатност и исполнета дневна обврска, туку на радосен повод. Не лишувај го телото од најквалитетна храна, која ја заслужува!

166987561

Нагласување на здрави масти, протеини и влакна

Добри извори на здрави масти се: ореви, јајца од слободни кокошки, масло, маслиново масло, риба и авокадо. Влакна ќе најдете во каша, портокали, кафеав ориз, хумус, зеленчук, малини … Високо протеинските храни вклучуваат чисто месо (без масти), јогурт, млеко и мешункаста храна.

yuii(2)

 

Чаша ладна вода

Замислете се, колку често и колку количини вода, пиете во текот на денот? Чувството за глад и жед често можат да бидат згрешени. Затоа размислете дали навистина се чувствувате гладни? Пред да посегнете кон слаткото испијте една чаша вода. Почекајте 10-15 минути и ако се уште сте гладни и не можете да престанете да мислите за слатките искушенија каснете една банана или друг плод.

rrr

- Реклама -