Аргентинскиот „dulce de leche” или полскиот „pierogi” се специјалитети кои младиот кувар, член на папската гарда ги претстави во книгата рецепти, што се омиелни меѓу жителите на Ватикан, особено меѓу тројцата последни папи.
„Dulce de leche” е некој вид на џем од млеко, аргентински рецепт стар сто години, а на менито на Ватикан се нашол во 2013 година, кај аргентинскиот папа Франциско.
Дејвид Гајсер (24) еден месец порано стигна меѓу швајцарските гардисти, по професионалната обука во неколку угледни ресторани.
Со книгата „ Наздравје, швајцарска гардо“ тој го долвува животот во Ватикан преку храната која ја јадат многу високи црквени луѓе, меѓу кои и тројцата последни папи.
Тука е и полското мени со некои видови равиоли „пиероги“ за Иван Павло II, баварско мени за Бенедикт XVI, а за папата Франциско „empenadas” и „colita de cuadril” (месо на жар) i “dulce de leche”.