Оскар де ла Рента- елеганцијата нема алтернатива

„ Не е важно каква облека носиш, туку како го живееш својот живот” – ова е една од најпознатите максими на големиот дизајнер, кого го светот загуби оваа недела.

Едвај некој друг подобро од него знае што значи животот со стил – во својата долга и успешна кариера Оскар де ла Рента бил пријател, советник и моделиер на сите славни жени на САД – од претседателските сопруги до ѕвездите на Холивуд.

„Јас сум единствениот дизајнер од Третиот свет”, вели за себе иронично де ла Рента.

odlr-red-carpet-10.nocrop.w1800.h1330.2x

Роден е во 1932 година во Домениканската Република како седмо, најмало дете во семејството и единствено момче. Неговиот татко се надевал на повеќе практична професија за неговиот единствен син, но на 18 години младиот Оскар заминал да учи сликарство во Мадрид. Понатаму следува работа за Баленсиага, Балмен и Ланвен и дури кај Диор. Наместо да работи во странски модни куќи, де ла Рента заминува за Њујорк и започнува да создава мода со своето име. Останатото е историја.

Маж со огромен шарм и харизма, врвен танчер, дарежлив донатор, носител на сите можни награди за мода и за придонес кон уметноста, Оскар де ла Рента е можеби најголемото име во високата мода во Америка. Тој не се обложува на разновидност на производи, не продава поевтина облека со компромисен квалитет. Неизменливо и со децении тој го прави само она што сака и умее – неверојатно елегантна облека во која што жените изгледаат убаво.

„Од сите дизајнери на светот, само тој можеше да создаде облека, во која жената ќе се чувствува апсолутно прекрасна.” – вели за дизајнерот уредничката на британскиот Вог, Александра Шулман.

1413874781194_wps_124_First_Lady_Jackie_Kennedy1413874775494_Image_galleryImage_Photo_must_be_credited_Da

Денес, кога модата се определува од удобноста кога т.н.. active wear е водечки тренд, а патиките се прифатливи дури и како официјални чевли, Оскар де ла Рента ќе недостасува особено многу. Во неговите збирки нема само прекрасни фустани. Во нив има и несовесно наметнати елеци со раскошни здолништа и џемпери во комбинација сатенски фустани и  пастелни палта со огромни брошеви – сето неизменливо создадено со вкус и љубов кон жените.

Креациите на дее ла Рента се некои од најубавите фустани на црвениот тепих и свадбената облека – последниот, како што е добро познато, за Амал Аламудин.

Жената е силна само кога е елегантна – тоа е, она на кое што Оскар де ла Рента ги научи жените. Затоа нека почесто си дозволуваме малку сјај и да не заборавиме дека

„Жената треба да оди така што ќе  ја следат барем тројца мажи” – Оскар де ла Рента.

Прочитај повеќе: Најубавите фустани на Оскар де ла Рента на црвените килими

- Реклама -