Американската писателка и дизајнер Дијана Фрајд открива како изгледа храната на ликовите од литературната класика во својата книга „Fictitious Dishes: An Album of Literature’s Most Memorable Meals” („Имагинарни јадења: албум на најзначајните литературни оброци”).
Авторката сними серија на ефективни фотографии на јадења, држејќи се токму кон описите во романите. За целите на фотосесијата пак самите јадењата се наоѓаат во ситуација која максимално се доближува до атмосферата од книжевните дела, за да можат гледачите да го „почувствуваат вкусот на дизајнот”.
„Читањето и исхраната имаат многу заедничко. Читањето е конзумирање. Исхраната е конзумирање. И двете се лековити, хранливи, опуштаат и се најмногу пријатни. Тие можат да ве исполнат со енергија или да создадат затишје. За тешки книги и тешки јадења потребен е период на интензивно варење. Можат да ве однесат во друго време и место. Некои од моите омилени јадења пренесуваат приказни за потекло и традиција; како незаситен читател, јас ги јадам моите омилени книги. ” , вели Фрајд.
“Алиса во земјата на чудата” од Луис Керол
„- Ќе пиете ли малку вино? – ја понуди зајакот. Алиса погледна во масата, а на неа имаше само чај. – Не гледам никакво вино – забележа таа. – Нема вино – рече зајакот… ”
„Да ја убиеш птицата кукавица” од Харпер Ли
„Моби Дик” од Херман Мелвил
„Големиот Гетсби” од Ф. Скот Фицџералд
„На патот” од Џек Керуак
„Оливер Твист” од Чарлс Дикенс
„И бидејќи тој беше само дете, гладта беше жестока, а страдањето го направило неразумен. Тој стана од масата и кога се приближи до шефот со лажица во раката, му рече поисплашен од сопствената храброст: – Ве молам, господине, јас сакам уште. ”
„Игра во ржта” од Џ. Д. Селинџер
„Кога излегувам некаде, обично јадам само еден сендвич со швајцарско сирење и млеко. Не е многу, но во млекото има многу витамини. ”
„Метаморфоза” од Франц Кафка
„Страв и омраза во Лас Вегас” од Хантер С Томпсон
„Во потрага по изгубеното време” од Марсел Пруст