И писателите имаат омилени книги

Вистинските писатели не се како чеканот во стариот виц. Напротив, освен писатели, тие задолжително се и читатели,  со тоа што оваа страст најчесто трае во текот на целиот живот.
Серија интересни листи на темата нуди американското издание „Топ 10: Писатели ги избираат нивните омилени книги” (“The Top Ten: Writers Pick Their Favorite Books”).

Изготвувачите им се обраќаат на 125 значајни современи американски и англиски автори, меѓу кои Норман Милер, Џојс Керол Оутс, Џонатан Франзен, Ен Пачет и Клер Месуд, со молба да создадат листа на личен рејтинг од 1 до 10 на уметничките литературни дела кои ги сметаат за најголеми на сите времиња – романи, збирки раскази, драми, песни.

Од собраните 554 одделни наслови секое добива своја позиција во соодветната класификација, според бројот на поени, односно поставените први дела добиваат 10 поени, а оние на десеттото – 1 поен. На крајот е создадена целата листа.

Изготвувачите прават и неколку премногу интересни тематски листи, како на пример Топ 10 дела на дваесеттиот век, Топ 10 дела на ХІХ век, Топ 10 писатели според бројот на вклучените дела, Топ 10 писатели според собраните поени.

Видете ги подолу.

books-glasses-picture

Топ 10 дела на дваесеттиот век

“Лолита”, Владимир Набоков
“Големиот Гетсби”, Френсис Скот Фицџералд
“На патеката на изгубеното време”, Марсел Пруст
“Одисеј”, Џејмс Џојс
“Сто години самотија”, Габриел Гарсија Маркез
“врева и безумство”, Вилијам Фокнер
“Кон светилникот”, Вирџинија Вулф
“Собрани раскази”, Фланери О’Конор
“Блед оган”, Владимир Набоков

Топ 10 дела на ХІХ век

“Ана Карењина”, Лав Толстој
“Мадам Бовари”, Густав Флобер
“Војна и мир”, Лав Толстој
“Авантурите на Том Соер”, Марк Твен
“Приказни”, Антон Чехов
“Мидлмарч”, Џорџ Елиот
” Моби Дик “, Херман Мелвил
“Големите очекувања”, Чарлс Дикенс
“Злосторство и казна”, Фјодор Достоевски
“Ема”, Џејн Остин

books-classic-literature-8166054-425-282

Топ 10 писатели според бројот на вклучените дела

Вилијам Шекспир – 11
Вилијам Фокнер – 6
Хенри Џејмс – 6
Џејн Остин – 5
Чарлс Дикенс – 5
Фјодор Достоевски – 5
Ернест Хемингвеј – 5
Франц Кафка – 5
Џејмс Џојс, Томас Ман, Владимир Набоков, Марк Твен, Вирџинија Вулф – по 4

Топ 10 писатели според собраните поени

Лав Толстој – 327
Вилијам Шекспир – 293
Џејмс Џојс – 194
Владимир Набоков – 190
Фјодор Достоевски – 177
Вилијам Фокнер – 173
Чарлс Дикенс – 168
Антон Чехов – 165
Густав Флобер – 163
Џејн Остин – 161

girl_reading_a_book__4__by_imaginationphotos-d5pcg3e

- Реклама -