Денеска ви претставуваме рецепт за домашна маст, чии што состојки се целосно природни и лекува многу нешта.
Погодна е за модринки, гребнатинки, изгореници, каснувања од инсекти, лекување на егзема, габични инфекции и др.
Состојките на оваа маст делуваат благотворно на кожата и најубавото е што се наоѓаат лесно.
Состојки:
2 чаши маслиново масло (ладно цедено)
3/4 чаши исушени цветови од невен
1/2 чаши растопен пчелин восок
3 лажици кокосово масло
5 лажици масло од кари
5 капки масло од чајно дрво
5 капки масло од лаванда
Подготовка:
Во соодветен сад се мешаат маслиновото масло, кокосовото масло и невенот. Се варат во сад со вода, на тивок оган околу 3-4 часа. Потоа се цеди внимателно маслото, за да не останат честички од билката.
Во посебен сад во вода се топи путерот и пчелниот восок. Смесата се додава кон првата. Сето тоа се промешува. Конечно се ставаат етеричните масла од лаванда и чајното дрво.
Добиената мазна смеса се чува во тегли со капаци.
Во оваа домашна маст нема никакви конзерванси, но сепак може да се користи во период од 1-2 години. Ако направите повеќе, можете да ја споделите со пријателите, особено со оние кои што имаат мали и палави дечиња 🙂