Сите ние ги сакаме разновидноста и убаво уредените куќи.
Разгледуваме списанија, воздишуваме и мислиме дека тоа е еден недостижен сон, кој бара многу пари и вештини.
Повеќето мислиме дека не можеме да имаме дом, кој ќе не радува и направи среќни како оние што изгледаат по магазините. Со времето ние разбравме дека тоа не е така и под услов да сакаш, можеш да направиш чуда. За таа цел ви нудиме неколку лесни чекори со кои можете да го преобразите срцето на својот дом – дневната или поточно – својот тросед.
Чекор еден: Најдете неколку ќебиња и експериментирајте. Постојат многу можности. Друга интересна идеја е да облечете една од перниците на својот кауч. Убаво е да користите повеќе контрастни бои или дезени, што значително ќе го зајакне ефектот.
Чекор два: Многу перници „Колку повеќе, толку повеќе.”. Ова важи не само за бројот, туку и за боите. Користете што повеќе форми и бои. Ќе сфатите дека дури и да не мислите дека може да комбинирате толку многу бои – грешите.
Можете да додадете и една чергичка пред каучот, за повеќе боја и комфорт.