Легенда за 1900

„Секогаш се случуваше некој за миг да ја крене главата…и тогаш ќе ја здогледаше. Тешко е да се разбере тоа…

Сакам да кажам, бевме повеќе од илјада на бродот, паралии,  емигранти, некои чудни луѓе и ние… Па сепак имаше еден само еден, еден кој прв ја гледаше. Можеби си седеше таму и јадеше, или едноставно шеташе по палубата…можеби стоеше таму и си ги местеше панталоните…ќе ја кренеше главата за миг, ќе погледнеше кон морето и ќе ја здогледаше… Тогаш ќе се стаписаше, срцето ќе почнеше да му бие како лудо и секогаш, се колнам, секој проклет пат, секогаш ќе се свртеше кон сите и ќе извикаше тивко и полека: Америка. Потоа ќе останеше така, со лице на некој што лично ја направил Америка.

Оној што прв ќе ја здогледа Америка. На секој брод има по еден таков. И не треба да мислите дека таквите работи се плод на случајност, не…ниту има врска со диоптријата, тоа е судбина. Тоа се луѓе што отсекогаш го имале врежано тој миг во животот. И кога беа деца можеше да ги погледнеш во очи и ако добро си погледнал веќе ќе можеше да ја видиш Америка, готова да скокне, да слизне низ нервите и низ крвта, до мозокот и оттаму до јазикот се до оној извик. Таа веќе беше таму. Таму чекаше.

Ова го научив од Дени Будман Т.Д Лимон, најголемиот пијанист што некогаш свиреше на Океанот“.

Вака започнува филмот „Легенда за 1900“, создаден според романот Новеченто на Алесандро Барико, во режија на маестралниот Џузепе Торнаторе.

MV5BMTA3MTcxNjE0NzNeQTJeQWpwZ15BbWU4MDc3NjUxNDAx._V1_SX214_AL_

 

Се работи за најдобриот пијанист кој што како мал бил оставен во кутија од лимон на еден брод, и никогаш, не слегол од него.

Ова е приказна за едно вистинско пријателство, патувањата, музиката, за живеењето на музиката, почетокот и крајот, домот.

365 ви ги препорачува и книгата и филмот. Иако искрено, филмот повеќе успеа да не импресионира, што не често се случува кога се работи за адаптација на роман.

Легндата за 1900-тата е филм од 1998 година со Тим Рут во главната улога.

За крај освен извадок од романот, погледнете и една импресивна сцена, веројатно најдобриот пиано дуел на сите времиња.

- Реклама -