Користите ли витлери?

Причина да сме со две раце ЗА!

Употребата на витлери, е поврзана со премногу агресивниот однос кон косата на кој што современата жена е навикната. Употребата на стапчиња и преси се претвори во сосема обичен козметички ритуал на кој се „зависници” и повеќе млади девојки.

А некогаш, некаде таму во минатото, некој го измислил ова елементарно средство за постигнување на убава форма на косата што денес го препознаваме во мноштво форми и употреби.

 

Права коса

Ако имате права коса, можете да  користите витлери во зависност од тоа  дали сакате обем, бранови или кадрици. За волумен изберете големи витлери. Намотајте ја косата на одделни прамени и испрскајте со стилизиран производ. Исушете со фен, отстранете ги витлерите и  поминете ја косата внимателно со четка.

За бранови изберете витлери со средна големина. Косата треба да биде влажна. Ставете ги витлерите и сушете со студен млаз на фенот. Отстранете ги истите и внимателно со чешел или со прсти дооформете ги брановите. За кадрици повторно можете да го користите витлери, средни по големина. Намотајте ги влажните прамени внимателно на спирала. Ако немате можност да ја оставите да се исуши природно, користете дифузор.

За зацрвстување

Имате потреба од витлери со лепенки (оние малку боцкащит), за да се постигне овој ефект. Прво, нанесете серум за исправување на влажна коса и исушете со помош на голема четка. Намотајте ги витлерите и сушете  го секој свиткан прамен. Кога косата е веќе сува, внимателно извадете  и конечно пригладете со четката.

 

Волумен без кадрици

Изберете средни на големина лепливи витлери. Поделете ја косата на прамени и исушете ја. Извадете ги, напрскајте со спреј за сјај и подредете ги прамените со прсти.

За кадрици

За целта користете мали, пластични витлери. Натопете ја косата, втријте малку гел и тогаш замотајте ги одделните купчиња. Оставете ја косата да се исуши сама или ако немате време, користете дифузор. Кога ќе се исуши, отстранете ги витлерите и дооформете ја косата  со прсти.

 

- Реклама -