Како лесно да ги исчистите флеките од килимот?
Денеска правиме средство за чистење на килим.
Ова средство за чистење е поевтино од оние што се на продажба, апсолутно е безопасно, без премногу хемикалии, а воглавно е – многу ефикасно.
И што е најважно, тоа навистина ќе го исчисти вашиот килим.
Ќе ви биде потребен празен распрскувач, во кој што ќе додадете:
1 лажица сода бикарбона
1/3 чаши оцет ( околу 70 мл.)
врела вода (околу 300 мл.)
1 лажица детергент за алишта.
Испрскајте на флеките и чистете. Се чисти многу лесно!