Необична столица за цврст задник

Сакате ем да седите, ем да ги вежбате мускулите и задникот?

Беноит Малта, креаторот на овој стол ви го овозможува тоа. Неговите мотиви да креира столица со две ногарки се избегнувањето на неодвижни пози при седењето и промовирањето на подвижноста. Малта вели дека столицата нанесува поднослива непријатност, терајќи ве да ги вклучите телесните и мускулите на нозете во процесот на седење.

Бизарно или не, науката му оди во прилог – бројките велат дека долгото седење води кон прерана смрт.

balancing-inactivite-chair[1]

- Реклама -