1. Секоја девојка oблечена во светол фустан, носи во чантата дволитарско шише со средство за шарени алишта.
2. Луѓето што живеат во огромни, луксузно опремени апартмани, се хранат со најевтините салами и маргарин.
3. Крајно време е да се создадат банкноти со номинална вредност од 9,99 денари.
4. Добрата домаќинка секогаш има во својот дом безобразно валкани плочки, рѓосани чешми и рој од бактерии во тоалетот.
5. Главниот проблем на човештвото е првутот.
6. Ако на една жена и дошол циклусот, таа ќе се облече нужно со кратко и тесно здолниште, или со тесни, бели панталони и ќе оди на забава.
7. Ако две деца злобно ги валкаат белите маици, ќе дојде комшиката со предлог за прашок за перење.
8. При вистинско расположение луѓето можат да разговараат со маргаринот.
9. Ако добро сте ја измиле косата, таа ќе почне да се вее со бавно движење и со музичка придружба.
10. Пивото ги тера мажите да скокаат со падобран, да се борат со ножеви и други интелигентни нешта.
11. Чоколадото ги решава сите проблеми.