Новиот Ford Focus – софистицираната нова верзија на светскиот бест-селер – излегува од производната линија на погонот на Форд за склопување и шасии во Сарлуи, Германија и се упатува кон претставништвата низ Европа.
Ford инвестираше околу 200 милиони евра (или околу 250 милиони евра) за поддршка на производството на новиот Focus. Погонот е прв од осумте фабрики на четирите континенти каде ќе се произведува новиот Focus, со останатите капацитети лоцирани во Аргентина, Кина, Русија, Тајван, Тајланд, САД и Виетнам. Сите осум фабрики на Ford имаат капацитет да произведат преку 1.5 милиони автомобили Фокус годишно за потрошувачите од 140 пазари ширум светот.
“Ford Focus е најпродаваната линија на патнички автомобили во светот,“ изјави Стивен Одел, извршен заменик-претседател на Форд за Европа, Блискиот Исток и Африка. “Со новиот Focus, „светскиот број 1“ го направивме уште подобар, или “besser” како што велиме ние тука во Германија!”
Новиот Ford Focus има похрабар, поемотивен дизајн на екстериерот, со фина изработка, нов ентериер, пакет нови технологии кои го прават животот полесен, со големи подобрувања во потрошувачката на гориво.
Напредните технологии ги вклучуваат, Европското деби на SYNC 2, современиот забавно-информативен систем кој вклучува екран со висока резолуција, команди на допир и напредни говорни команди за пристап до аудио-опрема, навигација, контрола на климата и мобилните телефони.
Надградената линија на мотори во Европа вклучува 1.5-литарски EcoBoost бензински мотор и нов 1.5-литарски TDCi дизел мотор; економичноста на горивото е подобрена за 19 проценти во однос на претходниот Focus. Focus исто така ќе понуди и 1.0-литарски EcoBoost кој ослободува 99g/km CO2, првиот нехибриден фамилијарен автомобил на бензин, ја руши границата од 100 g/km CO2 во Европа.
Повеќе од 12 милиони Focus возила се продадени во светски рамки, откако името беше лансирано во 1998, од кои 6,9 милиони се продадени во Европа.