Во близина на Бајина Башта, на карпа која се протега среде реката Дрина, е изградена куќа која веќе 46 години вешто му се спротиставува на забот на времето.
Ирена Бекер е девојката чија фотографија која се најде во „National Geographic“, и ја претстави оваа скриена убавина на јавноста ширум светот.
Куќата веќе неколку децении е позната туристичка дестинација во Србија и дури е номинирана за едно од седумте чуда на Србија.
Изградена е во 1968 година, од група млади момчиња кои едноставно барале место за сончање. Земајќи ја во предвид нерамната структура на карпата, тие се послужиле со материјалите од блиската куќарка која била во фаза на распаѓања и направиле платформа. Веќе наредната година изградиле и ѕидови и покрив.
И покрај тоа што досега неколку пати била делумно уништена од надојдената вода, таа со мали поправки се уште претставува атрактивна цел за љубопитните авантуристи.